
Фото: Принтскрин
Ако македонскиот јазик навистина биде избришан од Извештајот на Европската Унија, тогаш, според Венко Филипче, главниот виновник за тоа ќе биде Христијан Мицкоски.
Настапувајќи вечерва на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Филипче го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека самиот ја отворил темата за јазикот во Европскиот парламент – прашање кое, како што рече, веќе било затворено и усогласено.
„Последниот пораз најмногу боли. Очигледно македонскиот јазик ќе биде тргнат од извештајот на ЕУ. Заради теснополитички интереси тој одново Мицкоски ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент, прашање кое беше затворено, а јазикот дефиниран како единствен Македонски јазик на Македонскиот народ. Мицкоски не може да го впери прстот кон никого за поразот кој Македонија одново го доживува во Брисел. Токму тој и неговиот пријател Андреј Ковачев со кого заеднички работат на блокирање на европската перспектива на македонските граѓани се виновни за оваа состојба“, кажа Филипче.