
Фото: Anita Atanasova-Grchev
Горд момент за македонската наука и младите таленти – Владимир Грчев од Кочани освои сребрен медал на Балканската математичка олимпијада за млади (JBMO), потврдувајќи уште еднаш дека е меѓу најперспективните млади умови во земјата.
Ова значајно натпреварување, кое секоја година собира ученици со исклучителни математички способности од целиот Балкан, претставува вистински предизвик дури и за најдобрите.
Меѓу силната конкуренција, младиот Грчев блесна со своето знаење, логичко размислување и упорност, освојувајќи го сребрениот медал и носејќи голема радост и признание за македонскиот тим.