
Фото: Принтскрин
Голема трагедија се случи во Ханиоти, на Халкидики, каде што 19-годишен млад човек од Скопје, Македонија, го загуби животот по давење – објавија вечерва неколку грчки медиуми.
Според сведоштвото на Јоанис Т. Колокитас, волонтер и член на Грчката спасувачка асоцијација (EAC), младиот турист доживеал срцев удар предизвикан од давење, при што околностите сè уште не се целосно разјаснети.
По забележаната опасност, дежурниот спасител веднаш реагирал и, со помош на неколку капачи, успеале да го извлечат момчето од водата. Реанимацијата започнала веднаш на самото место, при што бил користен автоматски надворешен дефибрилатор (AED) во обид да се спаси неговиот живот.
Нешто подоцна, околу 16:45 часот, пристигнал уште еден волонтерски спасител, кој се приклучил на напорите за реанимација. И покрај брзата реакција и обидите за спас, животот на 19-годишниот турист, за жал, не можел да биде спасен.