
Фото: Принтскрин
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска повторно се појави на терен во општина Чаир, во рамки на активностите за спречување на нелегалната градба во главниот град.
На видео објавено на нејзините профили на социјалните мрежи, Арсовска информира дека градските служби извршиле контрола на 12-катна зграда во Чаир, за која било утврдено дека е изградена без соодветна дозвола. Според неа, објектот е дивоградба и е нелегално приклучен на електрична енергија и водоводна мрежа.
Инспекциските служби наишле и на отпор од страна на одредени граѓани кои веќе се вселени во зградата.
„Небезбедно, без проект, без комуналии, 12 спрата над 50 станови незаконски градени сега со обид да се прикажат дека се од 2011, со нелегален приклучок на струја, нелегален приклучок на вода и МНОГУ ЗАКАНИ“, објави Арсовска.