
Фото: Принтскрин
Иранското Министерство за надворешни работи излезе со остро формулирано соопштение, реагирајќи на најновите воени активности на САД во регионот.
Техеран ги обвини Соединетите Американски Држави за „провокативна и агресивна политика“ и најави дека ќе одговори со целосна решеност.
„Исламската Република Иран нема да остане нем набљудувач пред агресијата и воените потези на Вашингтон. Ќе ја браниме нашата територијална целовитост, суверенитетот, безбедноста и народот со сета расположлива сила и средство“, се наведува во соопштението објавено преку официјалните канали на социјалните мрежи.