
Фото: Принтскрин
Вицепремиерот Александар Николоски, гостувајќи во емисија на „Канал 5“, изрази силна уверена очекување дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари уште поубедлива победа на претстојните локални избори, надминувајќи го резултатот што партијата го постигна на локалните избори во 2021 година.
„Тоа што е важно и што со сигурност можам да го кажам е дека ќе имаме далеку подобар резултат од 2021, кога имавме одличен резултат, кога освоивме 42 општини. Сега очекувам бројката да е далеку повисока и не е нерално дека опозицијата ќе движи, зборувам за СДСМ, евентуално Левица, зависно дали ќе прават коалиција или не, затоа што има и таква опција, ќе движат помеѓу 0 и 3 градоначалници“, кажа Николоски.
Тој потенцираше дека довербата која граѓаните постојано ја покажуваат е резултат на посветената работа, јасните цели и отчетноста на партијата пред народот.