Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Васил Јованов Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Русија Скопје Србија Украина Фросина Кулакова Христијан Мицкоски авион автобус грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кисела вода кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тетово трагедија украина фросина кулакова штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Нов осомничен за трагедијата во дискотеката „Пулс“

Gladiator 09/06/2025

Фото: Принтскрин

Истрагата за трагичниот пожар што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што животот го загубија 62 лица, а над 200 беа повредени, добива нов развој.

Јавното обвинителство прошири обвинението и отвори нова постапка против уште едно лице, за кое се смета дека е вистинскиот сопственик на агенцијата за обезбедување ангажирана во клубот. Иако агенцијата била присутна во објектот, таа работела без формален договор и без да ги следи законските безбедносни протоколи.

„Во текот на досегашната постапка се обезбедија докази согласно кои за сега осомничениот се утврди дека е одговорно лице – реален сопственик на осомниченото правно лице – агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје.

Согласно доказите, тој раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата, заедно со претходно осомничениот управител и со овластеното лице на подружницата во Кочани.

Тие без да имаат склучено договор со корисникот на услугата Кабаре ПУЛС Кочани, во текот на 2025 година вршеле обезбедување на имот и лица за клубот. Новиот осомничен во континуитет активно раководел со планот и начинот за давање на услугата обезбедување преку правното лице. Заедно со осомничените кои биле ангажирани како обезбедување, спротивно на повеќе членови од Законот за приватно обезбедување, без каква било претходна безбедносна проценка и план за обезбедување, како и без проверка на условите за противпожарна заштита и опасност од пожари, без да извршат проверка по однос на сигурносните услови во кабарето од аспект на имот и лица, особено по опасност и можност за евакуација, во текот на вечерта кога настанал пожарот не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот за посетители во објектот, не спречиле внес и користење на експлозивни материи – пиротехнички средства од членовите на музичката група, со кои бил предизвикан пожарот, поради што настапила смрт кај 62 лица, со тешки телесни повреди се здобиле 157 лица, а со телесни повреди се здобиле 54 лица.

Врз основа на судска наредба вчера беше извршен претрес на две локации во Скопје и во Пробиштип, како и во автомобилот на осомничениот, при што беше одземена обемна документација поврзана со правното лице и електронски уреди. Лицето е лишено од слобода и со оглед на сите околности и законски основи, јавниот обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Кочани ќе достави предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.

Tags: дискотека истрага пулс трагедија

Continue Reading

Previous: (Фото) Голманот на Пелистер ја посвети освоената титула на починатиот хрватски фудбалер
Next: Мицкоски: Нема да дозволиме трагедијата во Кочани да се злоупотреби за политички поени

Слична содржина

Да бидеме хумани и да го спасиме животот на Бране

Да бидеме хумани и да го спасиме животот на Бране

09/06/2025
Бркотница низ Кисела Вода: Полиција брка мотоциклист (Видео)

Бркотница низ Кисела Вода: Полиција брка мотоциклист (Видео)

09/06/2025
(Видео) Србинка застрелана во Германија: Полицијата го уапси Денис, откако телото го пронашол случаен минувач

(Видео) Србинка застрелана во Германија: Полицијата го уапси Денис, откако телото го пронашол случаен минувач

09/06/2025

Најново

  • Да бидеме хумани и да го спасиме животот на Бране
  • Бркотница низ Кисела Вода: Полиција брка мотоциклист (Видео)
  • (Видео) Србинка застрелана во Германија: Полицијата го уапси Денис, откако телото го пронашол случаен минувач
  • Талески: Новиот министер за здравство не знае ни колку болници има во Македонија
  • Македонија го расплака Казахстан со волејот на Трајковски (Видео)

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Да бидеме хумани и да го спасиме животот на Бране

Да бидеме хумани и да го спасиме животот на Бране

09/06/2025
Бркотница низ Кисела Вода: Полиција брка мотоциклист (Видео)

Бркотница низ Кисела Вода: Полиција брка мотоциклист (Видео)

09/06/2025
(Видео) Србинка застрелана во Германија: Полицијата го уапси Денис, откако телото го пронашол случаен минувач

(Видео) Србинка застрелана во Германија: Полицијата го уапси Денис, откако телото го пронашол случаен минувач

09/06/2025
Талески: Новиот министер за здравство не знае ни колку болници има во Македонија

Талески: Новиот министер за здравство не знае ни колку болници има во Македонија

09/06/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Да бидеме хумани и да го спасиме животот на Бране
  • Бркотница низ Кисела Вода: Полиција брка мотоциклист (Видео)
  • (Видео) Србинка застрелана во Германија: Полицијата го уапси Денис, откако телото го пронашол случаен минувач
  • Талески: Новиот министер за здравство не знае ни колку болници има во Македонија
  • Македонија го расплака Казахстан со волејот на Трајковски (Видео)

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.