Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

„Ни лекови, ни поддршка, ни правда“, вели повредениот Дарко во пожарот во дискотеката во Кочани

Gladiator 05/06/2025

Фото: Facebook/Darko Zlatev

Дарко Златев, еден од повредените во трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ја преживеа ноќта на 16 март, но со тешко срце – во несреќата ја загуби својата внука.

Во деновите по трагедијата, тој јавно го изрази својот револт и разочараност од начинот на кој институциите се однесуваат кон преживеаните.

„Јавен апел – трагедијата во дискотеката во Кочани

Со голема болка и тешко срце ја споделувам трагедијата што не’ снајде. Во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, животот го загуби мојата внука од сестра, заедно со уште 61 млад човек. Вкупно 62 загинати, и 200 повредени.

И покрај огромната загуба, немаме добиено никаква помош од државата. До ден-денес, ниеден претставник од владата не не посети, ниту во болниците, ниту во домовите. Нема поддршка, нема грижа, нема ни најосновни медицински средства. Сè што имаме се донации од хумани луѓе – државата не обезбеди ни обични креми за раните, а камоли сериозна медицинска помош, дури и опремата односно двете маси за вежбање во физикалната се донации а без нив просториите беа потполно празни!!!

Имаше доволно време да се обезбедат услови во болницата. Ние, повредените, бевме испратени на лекување во странство уште од таа кобна ноќ. Јас лично бев хоспитализиран во Белград, каде што веќе наредниот ден дојде премиерот Александар Вучиќ лично да не посети, да не слушне и да ни даде целосна поддршка – и психолошка, и медицинска,која во тој момент ни беше најзначајна.
А кај нас? Нашиот премиер не најде време да дојде и да не види, ниеден од повредените. Ни збор за поддршка. Ни чекор за лекување. Ниту правда, ниту одговорност!

Затоа прашуваме:

👉

 До кога вака?

👉

 До кога жртвите ќе се игнорираат, а институциите ќе молчат?

👉

 До кога ќе живееме во држава каде што човечкиот живот ништо не вреди?

Бараме:

Итна и јавна истрага за причините за пожарот.

Поддршка за семејствата на загинатите и повредените.

Одговорност за сите што затаија.

Достоинство за жртвите, и вистинска грижа за преживеаните.

Ова не е само наша болка – ова е срам за една цела држава“, пишува Златев.

Tags: Дарко Златев дискотека кочани пулс

Continue Reading

Previous: Историја: Алкалоид е освојувач на Европскиот куп
Next: (Видео) Уништен моќен ракетен систем „Искендер“ во Русија

Најново

  • (ФОТО) Независниот полициски синдикат ќе протестира: За закани кон полицајци се оди во притвор
  • (ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица
  • (ФОТО) Откриен е партнерот на Милица Тодоровиќ за кој пејачката се бори против неговата сопруга
  • Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…
  • (ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Независниот полициски синдикат ќе протестира: За закани кон полицајци се оди во притвор

(ФОТО) Независниот полициски синдикат ќе протестира: За закани кон полицајци се оди во притвор

07/02/2026
(ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица

(ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица

07/02/2026
(ФОТО) Откриен е партнерот на Милица Тодоровиќ за кој пејачката се бори против неговата сопруга

(ФОТО) Откриен е партнерот на Милица Тодоровиќ за кој пејачката се бори против неговата сопруга

07/02/2026
Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…

Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…

06/02/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Независниот полициски синдикат ќе протестира: За закани кон полицајци се оди во притвор
  • (ВИДЕО) Рафет и Феим се извинија, но не им простија за заканите: Повикани биле во полициска станица
  • (ФОТО) Откриен е партнерот на Милица Тодоровиќ за кој пејачката се бори против неговата сопруга
  • Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…
  • (ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.