
Фото: Принтскрин
Зијадин Села од Алијансата на Албанците изјави дека за нивната политичка платформа единствено прифатливо решение останува моделот со осум изборни единици.
Според Села, предлогот за воведување една изборна единица не го одразува реално политичкото и етничкото претставување во државата и, како што рече, оди на штета на албанската заедница.
„Ние сме против една изборна единица, сме за осум изборни единици, затоа што тоа е модел кој се истражува и би донел развој. Една изборна единица би била штетна и би довела само до намалување на бројот на албански пратеници“, вели Села.