Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Градоначалникот на Кичево осомничен дека го оштетил буџетот на општината за 4 милиони денари

Gladiator 26/05/2025

Фото: Fatmir Dehari

Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, се соочува со кривична пријава поднесена од Одделението за внатрешни работи во Кичево, под сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во периодот од 2017 до 2024 година, Дехари склучувал договори со надворешни адвокатски канцеларии, иако во рамки на општинската администрација постои правен сектор со 37 вработени лица кои имаат надлежност да ги застапуваат интересите на Општината.

Со ваквите постапки, според наводите на истрагата, тој овозможил финансиска корист за трети лица и предизвикал директна штета на општинскиот буџет, проценета на околу 4 милиони денари, што е приближно 64.000 евра.

„ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.

Во периодот од 2017 до 2024 година, тој во својство на градоначалник на општина Кичево, противзаконски склучил повеќе договори за извршување на адвокатски услуги со адвокати од Кичево, иако во рамките на општина Кичево постои Сектор за правни работи со вкупно 37 вработени, кои имаат право да ја застапуваат општината пред судовите во државата. На тој начин пријавениот ја искористил својата службена положба, постапил спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, на Законот за локална самоуправа, на Законот за јавни набавки, ги прекршил одредбите од Законот за парнична постапка, Правилникот за систематизацијата на работните места, со што на адвокатите им овозможил, на штета на буџетот на општина Кичево, да се стекнат со противзаконска имотна корист од 3.938.420 милиони денари или околу 64.000 евра“, се вели во соопштението.

Continue Reading

Previous: Хеликоптери „Апачи“ и тенкови „Леопард 2“ доаѓаат во Македонија
Next: Важни информации за сите кои купиле билет за одложениот меч меѓу Алкалоид и АЕК

Најново

  • (ВИДЕО) Драматичен пад на Ф-15 во Кувајт: Пилотот се спаси со катапултирање!
  • (ВИДЕО) Остра реакција од Владата за односот на новинарот кој ѝ бараше преведувач на министерката за образование
  • (ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател
  • (ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!
  • (ВИДЕО) Кети Пери во пламен: моментот што ги запали социјалните мрежи!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Драматичен пад на Ф-15 во Кувајт: Пилотот се спаси со катапултирање!

(ВИДЕО) Драматичен пад на Ф-15 во Кувајт: Пилотот се спаси со катапултирање!

24/03/2026
(ВИДЕО) Остра реакција од Владата за односот на новинарот кој ѝ бараше преведувач на министерката за образование

(ВИДЕО) Остра реакција од Владата за односот на новинарот кој ѝ бараше преведувач на министерката за образование

24/03/2026
(ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател

(ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател

24/03/2026
(ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!

(ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!

24/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Драматичен пад на Ф-15 во Кувајт: Пилотот се спаси со катапултирање!
  • (ВИДЕО) Остра реакција од Владата за односот на новинарот кој ѝ бараше преведувач на министерката за образование
  • (ФОТО) Иран го исмева Трамп – со оваа слика го понижи американскиот претседател
  • (ВИДЕО) Тензија на Блискиот Исток: Над 3.000 падобранци распоредени во регионот!
  • (ВИДЕО) Кети Пери во пламен: моментот што ги запали социјалните мрежи!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.