
Фото: Принтскрин
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи во близина на касарната „Илинден“, трагично ги загубија животите полковник Стефан Ивановски – поранешен припадник и командант на елитната единица ЕСН „Волци“, како и неговата сопатничка Ана Нешковска, вработена во Министерството за одбрана.
Трагедијата длабоко ја потресе безбедносната заедница, чијшто членови со неверување и тага се простуваат од двајцата настрадани.
Во знак на сочувство и почит, многумина споделија емотивни пораки на социјалните мрежи. Меѓу нив се огласи и поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, која со трогателен статус се прости од нив.