
Фото: RK Alkaloid
Реванш-натпреварот од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина вечерва не се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, откако гостинскиот тим одби да излезе на терен. Причината за нивната одлука, според грчката страна, е отсуството на нивните навивачи на трибините.
Како што претходно беше познато, македонскиот клуб обезбеди 200 билети за гостинските фанови, но грчките поддржувачи сакале да пристигнат во значително поголем број. Полицијата, водејќи се од безбедносни проценки, не дозволила влез за оние без билети, што доведе до одлука на навивачите на АЕК да се повлечат.
Иако Алкалоид влезе во овој реванш со предност од 29-25 стекната на гостувањето во Атина, пехарот засега останува недоделен. Ситуацијата сега е во рацете на Европската ракометна федерација (ЕХФ), која најави дека конечната одлука ќе биде соопштена во вторник.