
Фото: Принтскрин
Васил Јованов, возачот кој ја прегази Фросина Кулакова, доби затворска казна од 12 години.
Таткото на Фросина го искажа своето незадоволство од пресудата, откако претходно побара максимална казна за возачот.
„Ова е судство кое ги штити мафијашите. Обвинителите на Васо беа релаксирани кога влегов, дали тие ја знаеја казната? Во оваа држава дилерите и убијците се прогласуваат за светци, спортисти… Оваа пресуда е тажна за цело општество“, вели таткото на Фросина.
Видео: Миа.мк