
Фото: Принтскрин
На полноќ заврши рокот што Европската Унија ѝ го постави на Русија за едностран прекин на огнот во траење од 30 дена, предупредувајќи дека во спротивно ќе следуваат засилени санкции. Одговорот од Москва стигна во форма на предлог – рускиот претседател Владимир Путин понуди нова рунда мировни преговори со Украина, кои се очекува да се одржат утре во Истанбул.
Меѓутоа, од Киев порачаа дека украинскиот претседател Володимир Зеленски нема намера да се сретне со претставници од Русија, освен ако лично не присуствува Владимир Путин.
„Претседателот Зеленски ќе разговара само со Путин – лице в лице. Никој друг не е релевантен соговорник“, изјави Михајло Подољак, советник во кабинетот на украинскиот претседател.
Од Кремљ, пак, соопштија дека руската делегација е во процес на подготовка за состанокот во Турција.
„Ќе информираме за составот на делегацијата кога претседателот Путин ќе смета дека е соодветно“, се вели во краткото соопштение од Москва.