
Фото: Принтскрин
По состанок кој траеше околу два часа, раководството на Алијансата за Албанците официјално донесе одлука да го напушти владиниот состав и да премине во опозициските редови.
Одлуката, како што појасни лидерот на партијата Арбен Таравари, е резултат на серија незадоволства поврзани со актуелните политики на Владата.
Меѓу клучните причини ги посочи прашањата со примена на балансерот и состојбата со Законот за употреба на јазиците.