
Фото: Принтскрин
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон, изразил подготвеност Турција да биде домаќин на можни преговори за прекин на огнот и воспоставување траен мир меѓу Русија и Украина, информира кабинетот на турскиот претседател.
Во разговорот, Ердоган нагласил дека конфликтот влегол во клучна фаза и дека се појавува историска можност за ставање крај на војната.
Тој истакнал дека оваа шанса не смее да се пропушти и дека Анкара е подготвена да вложи максимални напори за олеснување на процесот, вклучувајќи и организирање на директни мировни преговори меѓу завојуваните страни.