Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Ахмети: Да сакав да ја поделам Македонија, ќе го направев тоа во 2001 година

Gladiator 10/05/2025

Фото: Ali Ahmeti/Facebook

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, одржа остар говор во Струга, во кој упати сериозни обвинувања кон македонските политички елити, предупредувајќи на системска одмазда и маргинализација на Албанците од институциите на државата.

Според него, ваквите политики не само што се спротивни на европските вредности, туку можат да предизвикаат длабоки последици по стабилноста и меѓуетничките односи во земјата.

„Оваа одмазда против Албанците не ѝ помага ниту на државата, ниту на нејзината европска иднина. Таа поттикнува револт, бунт кај Албанците. А тие тоа не го разбираат! Ова мора да се сфати сериозно и правилно!“, истакна Ахмети пред поддржувачите.

Ахмети посебно се осврна на, како што рече, систематското отстранување на албанскиот јазик од институционалните табли, патокази и други јавни обележја, како и на сѐ почестите политички напади врз Албанците и нивните национални симболи. Тој овие постапки ги оцени како длабоко антиевропски и спротивни на духот на мултикултурната демократија.

„Како може Швајцарија да функционира со четири службени јазици, а Македонија да има проблем со два?“, праша Ахмети, додавајќи дека унапредувањето на јазичните и културните права на Албанците е темел за стабилност, а не причина за поделби.

Ахмети повика на разум и одговорност од страна на македонските политички чинители, со апел да не се продлабочуваат тензиите и да не се загрозуваат тешко изградените меѓуетнички односи.

„Да сакав да ја поделам, ќе ја поделев во 2001 година кога државата предложи поделба на Македонија. Но, не сакав да им нанесам нови гробови, нови рани на Албанците, бидејќи некои ќе останат тука, некои таму, некои ќе се разделат. Но, Албанците треба да живеат слободни и рамноправни во својата земја“, додава тој.

Tags: Али Ахмети Македонија политика

Continue Reading

Previous: Трамп: По долга ноќ разговори, Индија и Пакистан договорија примирје
Next: (Видео) Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб

Слична содржина

Мицкоски: Ние сме промакедонска Влада која сака да си ја развива државата

Мицкоски: Ние сме промакедонска Влада која сака да си ја развива државата

07/11/2025
(ВИДЕО) Градоначалникот на Њујорк „леташе орли“ и ептен ги налути Србите

(ВИДЕО) Градоначалникот на Њујорк „леташе орли“ и ептен ги налути Србите

07/11/2025
Ѓорѓиевски: Ќе ги објавам сите со име и презиме кои земале плата, а не работеле

Ѓорѓиевски: Ќе ги објавам сите со име и презиме кои земале плата, а не работеле

07/11/2025

Најново

  • Мицкоски: Ние сме промакедонска Влада која сака да си ја развива државата
  • (ВИДЕО) Градоначалникот на Њујорк „леташе орли“ и ептен ги налути Србите
  • Ѓорѓиевски: Ќе ги објавам сите со име и презиме кои земале плата, а не работеле
  • Скопје добива „градски воз“: Од Зелениково до Центар ќе се стигнува за 25 минути
  • (ФОТО) „Нема веќе депонии по улиците на Скопје“ – по 10 часа работа на терен, резултатите се видливи

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Мицкоски: Ние сме промакедонска Влада која сака да си ја развива државата

Мицкоски: Ние сме промакедонска Влада која сака да си ја развива државата

07/11/2025
(ВИДЕО) Градоначалникот на Њујорк „леташе орли“ и ептен ги налути Србите

(ВИДЕО) Градоначалникот на Њујорк „леташе орли“ и ептен ги налути Србите

07/11/2025
Ѓорѓиевски: Ќе ги објавам сите со име и презиме кои земале плата, а не работеле

Ѓорѓиевски: Ќе ги објавам сите со име и презиме кои земале плата, а не работеле

07/11/2025
Скопје добива „градски воз“: Од Зелениково до Центар ќе се стигнува за 25 минути

Скопје добива „градски воз“: Од Зелениково до Центар ќе се стигнува за 25 минути

07/11/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Мицкоски: Ние сме промакедонска Влада која сака да си ја развива државата
  • (ВИДЕО) Градоначалникот на Њујорк „леташе орли“ и ептен ги налути Србите
  • Ѓорѓиевски: Ќе ги објавам сите со име и презиме кои земале плата, а не работеле
  • Скопје добива „градски воз“: Од Зелениково до Центар ќе се стигнува за 25 минути
  • (ФОТО) „Нема веќе депонии по улиците на Скопје“ – по 10 часа работа на терен, резултатите се видливи

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.