
Фото: Чарна Навзати/Инстаграм
Чарна Навзати, 20-годишна студентка на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, ќе биде претставничка на Македонија на најпрестижниот светски избор за убавина – Мис на светот, што ќе се одржи во индиската покраина Телангана.
„Чест ми е што ќе ја претставувам мојата земја на изборот на Мис на светот 2025 година во Телангана, Индија од 7 до 31 мај 2025 година – Убавина со цел. Вистински ја ценам оваа можност што ми ја даде организацијата Мис Македонија да ја претставам прекрасната култура и наследство на Македонија на глобалната сцена“, напиша таа.