
Фото: Принтскрин
Македонската натпреварувачка Катерина Ацевска забележа одличен успех на меѓународната сцена, освојувајќи бронзен медал во конкуренција над 70 килограми.
Ацевска започна импресивно, забележувајќи две убедливи победи над Французинките Морган Гондри и Ширли Дорт. По одличниот старт, во полуфиналето се соочи со силната Германка Ања Герке, каде што претрпе пораз и ја загуби шансата за финале.
Сепак, нашата натпреварувачка покажа карактер и борбен дух во битката за бронзениот медал. Во малото финале, таа успеа да ја совлада актуелната светска и европска шампионка, Германката Сандер Лоте, освојувајќи го престижното трето место и на Македонија ѝ донесе нов медал за гордост.