
Васка има 15 години, но на само една ипол година добила менингоенцефалитис, односно воспаление на мозокот кое ја остави во кома. Со години Васка беше во количка, но сега може да направи неколку чекори со помош на семејството.
ДОКОЛКУ СТЕ ВО МОЖНОСТ, МОЖЕ ДА ДОНИРАТЕ ТУКА (PAVELANDREEV.ORG)
„Јас сум таткото на Васка, моето 15-годишно девојче кое беше родено здраво и полно со живот. Но, кога имаше само година и пол, доби менингоенцефалитис – воспаление на мозокот што ја остави во кома. Од тој ден, нашите животи се променија засекогаш…
Со години Васка беше во количка. Но денес, со многу љубов, сила и молитви, може да направи неколку чекори со наша поддршка – и тоа за нас е малo чудо.
Во Турција започнавме третман со матични клетки, веќе поминавме две трансплантации, и има надеж! Но потребни се уште неколку сеансии – нешто што веке не можеме да си го дозволиме.Затоа денес, со скршено срце, но со силна верба во хуманите луѓе – Ве молам:
Помогнете и на Васка! Да прооди. Да си го врати детството. Да може да игра, да се смее, да живее“, се вели во објавата.