
Фото: Амбасада на Република Македонија во Албанија
Во главниот град на Албанија, Тирана, вечерва свечено започнува културната манифестација „Недела на македонската култура“, настан кој има за цел да ја промовира и афирмира македонската традиција, уметност и културно наследство пред пошироката јавност.
По повод отворањето, главниот градски булевар „Народни херои“ беше украсен со стотици македонски знамиња. Фотографиите може да се погледнат ТУКА.
Свеченото отворање на манифестацијата е во 20 часот на 23 април.