
Фото: Принтскрин
Пратеникот и поранешен вицепремиер, како и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи, пријавил грабеж во својот дом за време на велигденските празници, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, кражбата се случила во периодот од 18 до 21 април, кога Битиќи со семејството бил отсутен поради празнични активности. Непознати лица насилно навлегле во домот, при што со употреба на алат и физичка сила ја оштетиле влезната врата. Од внатрешноста биле одземени сеф и други вредни предмети.
„Ора24.тв“ објави дека му биле украден сеф со злато, пари и рачни часовници.
МВР потврдува дека е започната истрага и се преземаат сите потребни мерки и активности за целосно расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителите.