
Фото: Принтскрин
Македонскиот бисер Охрид повторно беше полн со туристи за време на велигденските празници, но повторно дел од туристите се жалат на високите цени.
На социјалните мрежи беше објавена фотографија на која може да се забележи дека шише вода од 0,75 литри чини 190 денари, соковите „кока кола“ и „швепс“ се 170 денари, додека ладно макијато чини 150 денари.
Во коментари под фотографијата можеше да забележиме интересни коментари од граѓаните, па дел од нив велат дека треба да земат и „брз кредит“ за да си поминат викенд во Охрид.
