
Фото: Принтскрин
На 20 април 2025 година, околу 13:00 часот, во Секторот за внатрешни работи Прилеп било пријавено дека избувнал пожар во стан лоциран во населбата „Точила“ во Прилеп.
Станот бил во сопственост на лицето Т.Ј., а во моментот на избувнување на пожарот во него престојувале неговата сестра Ц.С. (51) и зетот Д.П. (40), двајцата со живеалиште во Скопје.
Екипи од Територијалната противпожарна единица на Прилеп интервенирале на терен и успеале да го локализираат и целосно изгаснат пожарот.
За жал, поради вдишување на чад, повредени биле Ц.С. и нивната сосетка С.П. (73) од Прилеп, кои веднаш биле пренесени во прилепската болница за укажување соодветна медицинска помош.
Видео: Роберто Навали/Инстаграм