
Фото: Dimitar Jovanoski
И оваа година, како и секогаш на Велика сабота, во Храмот на Христовиот гроб во Ерусалим се појави Благодатниот оган – едно од најсветите и најмистични чуда во православната христијанска традиција.
Илјадници верници од целиот свет се собраа за да бидат сведоци на овој настан, кој се смета за симбол на Воскресението и на Божјата присутност.
Благодатниот оган од Ерусалим доаѓа и во Македонија.