
Фото: Принтскрин
Денеска на патниот правец Гостивар – Стража се случила тешка сообраќајна несреќа во која биле вклучени две патнички моторни возила, објави „4News.mk“
Снимките и фотографиите од местото на несреќата покажуваат значителна материјална штета, што укажува на силен фронтален или страничен судир. Дел од деловите на автомобилите се расфрлани по коловозот, а едно од возилата има тешки оштетувања на предниот дел.
Во овој момент, сè уште нема официјални информации дали има повредени или жртви.
Видео: 4News.mk