Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тепачка тетово трагедија убиство украина црква

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

„Велигден е тука, но нашите деца ги нема – утре ќе ви донесеме јајца на вечните почивалишта“, напиша една од мајките на настраданите деца

Gladiator 18/04/2025

Фото: Принтскрин

Една од мајките на починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани објави емотивна порака преку социјалните мрежи.

„На Велигден сум се заљубил! Има една таква песна…Велигден е тука, но нашите деца ги нема…..Престанаа да им чукаат срцата, ги закопавме во црната земја… Некои биле заљубени, некои требаше да се заљубат, некои од нив имаа и сопруги и сопрузи и мали дечиња и штотуку родени дечиња…Кој сега ќе се радува на нив? Некои од децата не дочекаа полнолетство, некои не дочекаа матура, некои требаше да дипломираат и да станат академски граѓани кои ќе работат чесно како што ги учеле нивните семејства…

Не прашува ли некој нас како ги минуваме деновите, какво е чувството да знаеш дека детето никогаш повеќе нема да се врати дома, да ги видиш неговите убави очи, неговата убава насмевка, да го слушнеш како се смее , да дочекаш уште еден Велигден со него…Еве ќе ви кажеме, живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца, да им раскажеме колку тие фалат дома …

Ќе се навршат уште малку 40 дена, 40 црни денови без нашите сонца, без нашите анѓели чии кревети од тој ден останаа празни, а нашите срца и души засекогаш завиени во црнило…

Времето поминува, но правдата како што се чини нема изгледи дека ќе излезе на виделина…

Зарем немате ни малку човечност во вашите души???

Зарем толку сте ефтини што со пари се купувате???Ееееј вие убијци на нашите деца!!!

Зарем нашите невини деца требаше да ја платат цената на вашата алчност и корумпираност? Со нивните штотуку расцветани животи? Вие сте дно на дното!!! Никој од нас не растел дете да стане херој, туку да стане човек… Вие ги убивте нашите деца!!! Ееее убијци, многу од вас се исто толку виновни како и сопственикот на Пулс-монструм, почнувајќи од премиер, министри, разно- разни инспектори, па се до обичните полицајци, сите сте гледале, ама не сте виделе ништо!!! При очи сте биле слепи!!! Срамота!!! Бедни сте, ситни души кои за проклети пари на душа ќе ги носите нашите убиени и многу повредени деца! На душа…само што вие душа немате…

Затоа Ви кажуваме, дека ние родителите и блиските на нашите починати чеда, ќе продолжиме да излегуваме и понатаму, секоја сабота…и се надеваме дека на крај нема да останеме единствено само ние, доколку на нашите сограѓани им досади да не следат нас, кои ја бараме правдата за нашите убиени чеда …Но ќе продолжиме да излегуваме и да ги потсетуваме челниците на оваа скапана држава дека сме тука и до наш последен здив ќе ја бараме правдата за сите починати и повредените на 16.март , бидејќи ние си ги закопавме нашите деца поради нечии грешки, поради тоа што некој бил корумпиран, поради тоа што злоупотребил својата функција за пари, за корист за личен бенефит…….

Правдата мора да излезе на виделина!

Нашите безгрешни деца мора да бидат осветени!

Ние родителите, нема да дозволиме виновниците да останат неказнети!!!!!!!!

Нашите деца ги нема повеќе, но можеби поради нашиот бунт кон овој трул државен систем ќе се смени нешто, па идните генерации ќе имаат побезбедна иднина од нашите деца.

Вечна Ви слава АНЃЕЛИ, утре наместо да кршиме јајца дома како секоја година претходно, ке ви донесеме јајца на Вашите вечни почивалишта!“, објави Јулија.

Tags: дискотека кочани пулс

Continue Reading

Previous: Голем дел од маркетите ги објавија цените, а другите се соочуваат со казни
Next: Македонија е горда: Младинците на Пелистер се пласираа на Ф4 во Лига на шампиони

Слична содржина

Елмас: Играме да ги оствариме нашите, но и соништата на сите деца во Македонија

Елмас: Играме да ги оствариме нашите, но и соништата на сите деца во Македонија

07/09/2025
(Видео) Македонија немаше милост – со „петарда“ го разнесе Лихтенштајн

(Видео) Македонија немаше милост – со „петарда“ го разнесе Лихтенштајн

07/09/2025
(Видео) Мајсторски гол на Елмас за водство на Македонија против Лихтенштајн

(Видео) Мајсторски гол на Елмас за водство на Македонија против Лихтенштајн

07/09/2025

Најново

  • Елмас: Играме да ги оствариме нашите, но и соништата на сите деца во Македонија
  • (Видео) Македонија немаше милост – со „петарда“ го разнесе Лихтенштајн
  • (Видео) Мајсторски гол на Елмас за водство на Македонија против Лихтенштајн
  • (Видео) Папата прогласи 15-годишник за светец
  • Македонија бара нов триумф против стариот „пациент“: Лихтенштајн гостува во Скопје

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Елмас: Играме да ги оствариме нашите, но и соништата на сите деца во Македонија

Елмас: Играме да ги оствариме нашите, но и соништата на сите деца во Македонија

07/09/2025
(Видео) Македонија немаше милост – со „петарда“ го разнесе Лихтенштајн

(Видео) Македонија немаше милост – со „петарда“ го разнесе Лихтенштајн

07/09/2025
(Видео) Мајсторски гол на Елмас за водство на Македонија против Лихтенштајн

(Видео) Мајсторски гол на Елмас за водство на Македонија против Лихтенштајн

07/09/2025
(Видео) Папата прогласи 15-годишник за светец

(Видео) Папата прогласи 15-годишник за светец

07/09/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Елмас: Играме да ги оствариме нашите, но и соништата на сите деца во Македонија
  • (Видео) Македонија немаше милост – со „петарда“ го разнесе Лихтенштајн
  • (Видео) Мајсторски гол на Елмас за водство на Македонија против Лихтенштајн
  • (Видео) Папата прогласи 15-годишник за светец
  • Македонија бара нов триумф против стариот „пациент“: Лихтенштајн гостува во Скопје

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.