
Фото: Принтскрин
Утрово, околу 08:30 часот, во село Арачиново, полициски службеници го приведоа А.Б. (40) од Скопје, откако спроведоа оперативно-тактички активности на терен.
Приведениот бил баран по централен потернички налог, издаден од Основниот суд во Скопје, поради неиздржани затворски казни за две различни кривични дела. За делото „изнуда“, казниво според член 258 став 2 во врска со став 1 и член 45 став 1 од Кривичниот законик, му е изречена затворска казна од три години. Дополнително, му е изречена уште една година затвор за делото „насилство“, согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од истиот законик.
По приведувањето, лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Идризово, каде ќе ја издржува вкупната казна затвор.