Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Васил Јованов Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Русија Скопје Србија Украина Фросина Кулакова Христијан Мицкоски авион автобус грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кисела вода кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тетово трагедија украина фросина кулакова штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Комерцијална банка ќе донира 30 милиони денари за настраданите во пожарот во Кочани

Gladiator 15/04/2025

Фото: Принтскрин

Комерцијална банка одлучи да одвои финансиска поддршка во висина од 30 милиони денари за Фондацијата „Заедно за едно“ при Македонската банкарска асоцијација, со цел да помогне на повредените и на семејствата на настраданите во трагичниот пожар кој неодамна се случи во дискотеката во Кочани.

Како компанија со длабоко вкоренето чувство за општествена одговорност, Комерцијална банка ја насочува оваа донација како конкретен израз на солидарност и поддршка во моменти кога најмногу е потребна. Средствата се наменети за 2025 година, а Банката најавува дека и во иднина, зависно од развојот на околностите и потребите на погодените семејства, ќе се разгледуваат и донесуваат дополнителни одлуки за натамошна помош.

„Убедени дека во моменти на голема болка и тага, солидарноста, заедништвото и хуманоста создаваат надеж, Комерцијална банката е и еден од основачите на Фондацијата „Заедно за едно“, која има за цел да обезбеди долгорочна финансиска поддршка и грижа за настраданите лица и за нивните најблиски.

Финансиските средства ќе бидат наменети за задоволување на основните потреби (храна, облека, сместување, лекови), покривање трошоци за медицински третмани, операции и рехабилитација, поддршка на менталното здравје, како и за стипендии и грантови за поддршка во образованиот процес и во професионалната реинтеграција на настраданите.

Како докажан поддржувач на општеството и на граѓаните, Комерцијална банка останува цврсто посветена на својата мисија да биде двигател на позитивни промени и на поддршка за заедницата, особено во тешки времиња кога сочувството и емпатијата помагаат барем малку да се ублажат болката и последиците.

Сите потребни информации за семејствата на починатите и на повредените лица да ја добијат неопходната финансиска помош ќе бидат објавени на веб-страницата mba.mk.“, се вели во соопштението.

Tags: Комерцијална Банка Кочани

Continue Reading

Previous: Необична награда: Фудбалер беше најдобар на теренот, па си доби – прасе (Видео)
Next: Маж и жена останале без 824.000 денари и без станот – ги измамила „адвокатка“

Слична содржина

Мајката на Артан Груби: Те гонат синко како во комунизмот, но ќе пропаднат исто како тој систем

Мајката на Артан Груби: Те гонат синко како во комунизмот, но ќе пропаднат исто како тој систем

07/06/2025
„Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир“, кажа Ивановска

„Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир“, кажа Ивановска

07/06/2025
(Видео) Сашка изработува седум перики за повредени девојки од Кочани

(Видео) Сашка изработува седум перики за повредени девојки од Кочани

07/06/2025

Најново

  • Мајката на Артан Груби: Те гонат синко како во комунизмот, но ќе пропаднат исто како тој систем
  • „Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир“, кажа Ивановска
  • (Видео) Сашка изработува седум перики за повредени девојки од Кочани
  • (Фото) Познатиот бренд „Макпримат“ згасна по 35 години постоење
  • По шест месеци во бегство, Артан Груби се јави на Фејсбук

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Мајката на Артан Груби: Те гонат синко како во комунизмот, но ќе пропаднат исто како тој систем

Мајката на Артан Груби: Те гонат синко како во комунизмот, но ќе пропаднат исто како тој систем

07/06/2025
„Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир“, кажа Ивановска

„Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир“, кажа Ивановска

07/06/2025
(Видео) Сашка изработува седум перики за повредени девојки од Кочани

(Видео) Сашка изработува седум перики за повредени девојки од Кочани

07/06/2025
(Фото) Познатиот бренд „Макпримат“ згасна по 35 години постоење

(Фото) Познатиот бренд „Макпримат“ згасна по 35 години постоење

07/06/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Мајката на Артан Груби: Те гонат синко како во комунизмот, но ќе пропаднат исто како тој систем
  • „Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир“, кажа Ивановска
  • (Видео) Сашка изработува седум перики за повредени девојки од Кочани
  • (Фото) Познатиот бренд „Макпримат“ згасна по 35 години постоење
  • По шест месеци во бегство, Артан Груби се јави на Фејсбук

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.