
Фото: Принтскрин
Коалицијата ВЛЕН ќе продолжи со зацврстени позиции и без Арбен Таравари, доколку тој реши да го напушти здружениот политички фронт – изјави лидерот на партијата БЕСА, Биљал Касами, во интервју за „Радио Слободна Европа“.
Тој потенцираше дека секое евентуално отстапување од коалицијата би било штетно пред сè за самиот кој го прави тој потег, алудирајќи на можната соработка меѓу Таравари и Демократската унија за интеграција (ДУИ).
„Постои една стара изрека што вели: ‘Кој се одвојува од групата, го јаде волкот’. Верувам дека политичката логика ќе надвладее и дека сите членки на ВЛЕН ќе го препознаат значењето на единството“, изјави Касами за „Радио Слободна Европа“.