
Околу 600 граѓани од Македонија, распоредени во 11 автобуси, утринава заминале од Скопје кон Белград со цел да присуствуваат на контрапротестот под слоганот „Не ја даваме Србија“ и да му изразат поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Главниот настан од тридневниот собир на поддржувачите на Вучиќ и неговата политика е планиран да се одржи вечерва, со почеток во 19 часот, пред зградата на Народното собрание на Србија.