Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Богојески најави тужби против лица кои создавале лажни профили со негов идентитет

Gladiator 12/04/2025

Лидерот на движењето „Македонски концепт“, Петар Богојески, денеска најави дека ќе покрене правна постапка против повеќе физички и правни субјекти.

Како што посочи, станува збор за лица и организации чии активности, според него, биле насочени кон создавање атмосфера на јавен линч, ширење омраза и поттикнување закани.

Според Богојески, овие постапки не само што ја нарушуваат неговата безбедност и лична слобода, туку претставуваат и сериозна закана за физичкиот и психолошкиот интегритет на неговото семејство.

Богојески неодамна беше поставен за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а за неговото поставување имаше реакции од опозициските СДСМ и ДУИ.

„Почитувани пријатели, почитувани граѓани, почитувана јавност,

Ве информирам дека ќе отпочнам правна постапка пред надлежните институции против правни и физички лица, меѓу кои се и одредени политички партии, нивни функционери, невладини организации, самонаречени новинари и поединци поврзани со претходната власт на дуи и сдсм. Овие субјекти се инволвирани во креирање и ширење на лажни информации и материјали, лажни профили на социјални мрежи со украден личен идентитет, лични навреди, дисквалификации, говор на омраза, омаловажување и клевети.

Нивното делување има за цел создавање на атмосфера на јавен линч и поттикнување закани, со што директно се загрозени мојот личен и физички интегритет, но за жал и на моето семејство. Дел од тие креирани лажни профили и материјали, закани за физичка ликвидација и сл. веќе се пријавени во Министерството за внатрешни работи и надлежните институции преземаат мерки согласно законските надлежности.

Потенцирам дека во претходните неколку денови беа креирани серија на лажни профили со мој идентитет, на сите можни социјални мрежи, за што јас навремено, јавно информирав. Нивната намена беше да фабрикуваат, а во текот на последните два дена масовно да споделуваат фалсификувани и креирани, не од мене ставови, статуси и коментари на социјалните мрежи.

Јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошните чекори и развојот на постапката“, информира Богојески.

Tags: петар богојески тужби

Continue Reading

Previous: (Фото) 11 автобуси од Македонија тргнаа за Белград на митингот на Вучиќ
Next: „Нашите ангели заслужуваат правда“: Протест на родителите на настраданите во Кочани

Најново

  • Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…
  • (ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!
  • (ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана
  • (ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа
  • (ФОТО) Шокантно откритие: Еве кој е оженетиот татко на детето на Милица Тодоровиќ!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…

Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…

06/02/2026
(ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!

(ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!

06/02/2026
(ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана

(ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана

06/02/2026
(ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа

(ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа

06/02/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Милица по драмата со венчаниот маж: Поради стресот од породувањето, го загубив…
  • (ФОТО) Еве што правела убиената жена деновите пред злосторството што се случи утрово!
  • (ВИДЕО) Акцијата на полицијата продолжува: Запленети биле околу 40 тони марихуана
  • (ВИДЕО) Мицкоски со јасен одговор кон грчки новинар: Мојата земја Македонија припаѓа на Европа
  • (ФОТО) Шокантно откритие: Еве кој е оженетиот татко на детето на Милица Тодоровиќ!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.