
Спасувачките служби се на терен и сè уште работат за извлекување на лицата кои се под рушевините на ноќниот клуб во Доминиканската Република, откако падна кровот.
„Би-Би-Си“ објави дека најмалку 124 лица ги загубиле животите, а над 150 се повредени во падот на покривот, додека првиот човек на Центарот за управување со кризи, Хуан Мануел Мендез кажа дека немаат многу време за да ги спасат преживеаните.
„Имаме од 24 до 36 часа за да се обидеме да најдеме преживеани под рушевините“, кажа Мендез.
Видеото може да се погледне ТУКА.