
Фото: Принтскрин
Еден од најуспешните борци во ММА, Александар Волкановски, повторно ќе влезе во октагонот, овојпат на спектакуларната гала вечер УФЦ 314.
Австралиецот со македонско потекло ќе се обиде да се врати на победничкиот колосек во борбата против талентираниот бразилски борец Диего Лопес, која ќе се одржи во Мајами.
Тоа што привлекува особено внимание е дизајнот на специјалниот шорц што ќе го носи за време на борбата – на него, во позадина е втиснато македонското знаме, како симболична почит кон неговото потекло и во чест на неговиот татко, кој потекнува од селото Беранци.
First look at Alexander Volkanovski in his custom shorts 🔥
— Championship Rounds (@ChampRDS) April 8, 2025
🎥 @ufc #UFC314 pic.twitter.com/kr5utBbBx1