
Фото: Принтскрин
Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорка на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, со солзи во очите им изрази длабока благодарност на медицинските тимови од Израел, Чешка и Србија.
Тие, без двоумење, пристигнаа истиот ден по трагичниот настан во Кочани и со своето искуство и пожртвуваност дадоа огромна поддршка на македонските лекари.