
Синоќа, околу 22:15 часот, во полициското одделение во Петровец била пријавена исчезната малолетна девојка.
Според пријавата од нејзината мајка, 42-годишната М.Б. од село Петровец, нејзината 14-годишна ќерка М.Б. се оддалечила од семејниот дом и не се вратила.
Надлежните служби веднаш започнаа со преземање мерки за нејзино пронаоѓање, а полицијата ги повикува граѓаните кои можеби имаат информации да се јават во најблиската полициска станица.