Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Сестрата на Фросина за „Кој е следен“: Важна им е агендата, а жртвата е само инструмент

Gladiator 28/03/2025

Росица Кулакова, сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова, изрази разочарување од начинот на кој организаторите на иницијативата „Кој е следен“ ја искористиле довербата што како семејство ја дале. Таа нагласи дека нивната поддршка била дадена со искрени намери, но смета дека организаторите не постапиле соодветно.

Кулакова потенцираше дека на собирите присуствувале луѓе со чесни намери, сочувствителни граѓани кои искрено сакаат правда и промени. Сепак, нејзината критика е насочена единствено кон организаторите.

„Долго време ми требаше да соберам сила и храброст да ја напишам оваа објава. Но како човек што јавно и гласно ја поддржа иницијативата „Кој е следен“, чувствувам морална обврска да објаснам зошто изминатиов прериод бев тивка – затоа што длабоко во себе носам чувство на лична одговорност.

Време е јавно да раскажам, хронолошки и без цензура, што точно се случуваше по убиството на мојата сестра, Фросина.

🪩 31 Јануари – Денот на погребот

На денот кога ја погребувавме Фросина додека ние бевме избезумени од болка и тага – се одржаа првите протести. Ние, нејзините најблиски, немавме поим што се случува во надворешниот свет. Болката ни ги затвори очите и ушите.

Тогаш, од еден искрен, спонтан и народен крик на болка, се појави нешто друго. Некој со болен ум, со туѓа трагедија реши да си прави профит. Така во јавноста се појави иницијативата „Кој е следен“

🪩 Чесни исклучоци постојат, но јас зборувам за сенките

Пред да објаснам зошто се чувствуваме злоупотребени како семејство, морам да нагласам дека има чесни луѓе и во оваа иницијатива. Луѓе со добри намери. Ова не е критика до секој што беше дел од „Кој е следен“.

Моите зборови се насочени кон организаторите. Не кон тие што ги гледавме со транспаренти, туку кон оние што секогаш се во сенките. Луѓето чии имиња не се појавуваат јавно, ама сите знаеме кои се. Тие што го “водат” протестот, а никогаш не одговараат за своите постапки.

🪩 Вторите протести – моментот кога сè стана јасно

Веќе на вторите протести се почувствува дека нешто не е во ред. Протестот веќе не беше на народот – имаше јасен организатор, агенда, насока. И да бидам искрена, тогаш сè уште верував. Таа поддршка ми значеше. Мислев дека некој вистински се грижи, дека можеби има надеж.

Но денес ми е жал што морам да кажам дека видов и доживеав сосема спротивно.

🪩 Манипулацијата почнува и жртвата станува неважна

Присуствував на еден состанок – последен за мене, зашто немав повеќе сила. Таму, меѓу зборовите и молкот, јасно ми беше ставено до знаење дека Фросина не е важна. Нашата болка не е важна. Важна е агендата, а жртвата е само инструмент.

И тука морам да бидам прецизна – тие што тогаш го водеа тој наратив, тие што не гледаа како средство, а не како луѓе, денес стојат во позадина и ја поддржуваат иницијативата „Кој е следен“. Не се тие што се појавуваат напред, туку тие што тивко ги влечат конците.

И за да ви доловам за каков тип луѓе станува збор – тоа се истите што во минатото шетаа со транспаренти “Црквата да одјебе”, што палеа канцеларии, што не познаваат граници кога се работи за промовирање на своите цели. Не зборувам за луѓето што искрено протестираат – зборувам за тие што стојат зад сцената. За тие што имаат агенда, а не срце.

🪩 8 Март – најболната навреда

Протестите за 8ми Март нема ни да ги коментирам. Ако некому му се чини соодветно да маршира со тенџериња и дрвени лажици од место каде што некој трагично загинал, нека му служи на чест. Јас мислам дека тоа беше врв на непочитта.

🪩 Од ожалостено семејство – до мета

Не можам веќе да молчам. Не можам да гледам како нашата трагедија, а денес и трагедијата на уште многу семејства со слична судбина на нашето – се користи, извртува, злоупотребува. Од едно семејство, денес станавме стотици. И сите сме ранливи. Сите полесни за манипулација.

Системот не чини, тоа го знаеме сите. Но луѓето што го креираат тој систем од сенка нема да ни го решат проблемот. Нивната борба не е за нас. Ниту за вистината. Ниту за правдата.

❗️ “Кој е следен?” да ве прашаме вас:

Кој е следен❓

Која мајка❓

Кој брат❓

Која сестра❓

Која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси❓“, вели Росица.

Tags: Кој е следен Росица Кулакова Фросина Кулакова

Continue Reading

Previous: Градоначалник ја донирал цела плата за настраданите во Кочани
Next: Таткото на Фросина: Политички некрофили и глодари, ете тоа е „Кој е следен“

Слична содржина

(ВИДЕО) „Њујорк ќе остане град на имигранти, од вечерва го води имигрант“, кажа новиот градоначалник Мамадани

(ВИДЕО) „Њујорк ќе остане град на имигранти, од вечерва го води имигрант“, кажа новиот градоначалник Мамадани

05/11/2025
(ВИДЕО) „Тепање поддржувам само при водење љубов“, вели Моника Станојкова

(ВИДЕО) „Тепање поддржувам само при водење љубов“, вели Моника Станојкова

05/11/2025
Минималецот во Албанија ќе биде 500 евра, Рама ветува 700 евра до крај на мандатот

Минималецот во Албанија ќе биде 500 евра, Рама ветува 700 евра до крај на мандатот

05/11/2025

Најново

  • (ВИДЕО) „Њујорк ќе остане град на имигранти, од вечерва го води имигрант“, кажа новиот градоначалник Мамадани
  • (ВИДЕО) „Тепање поддржувам само при водење љубов“, вели Моника Станојкова
  • Минималецот во Албанија ќе биде 500 евра, Рама ветува 700 евра до крај на мандатот
  • (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Маж избоде жена со нож во Милано
  • Цеца: Не знаев дека Македонија и Бугарија се во лоши односи, не сакав да повредам никого

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) „Њујорк ќе остане град на имигранти, од вечерва го води имигрант“, кажа новиот градоначалник Мамадани

(ВИДЕО) „Њујорк ќе остане град на имигранти, од вечерва го води имигрант“, кажа новиот градоначалник Мамадани

05/11/2025
(ВИДЕО) „Тепање поддржувам само при водење љубов“, вели Моника Станојкова

(ВИДЕО) „Тепање поддржувам само при водење љубов“, вели Моника Станојкова

05/11/2025
Минималецот во Албанија ќе биде 500 евра, Рама ветува 700 евра до крај на мандатот

Минималецот во Албанија ќе биде 500 евра, Рама ветува 700 евра до крај на мандатот

05/11/2025
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Маж избоде жена со нож во Милано

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Маж избоде жена со нож во Милано

05/11/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) „Њујорк ќе остане град на имигранти, од вечерва го води имигрант“, кажа новиот градоначалник Мамадани
  • (ВИДЕО) „Тепање поддржувам само при водење љубов“, вели Моника Станојкова
  • Минималецот во Албанија ќе биде 500 евра, Рама ветува 700 евра до крај на мандатот
  • (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Маж избоде жена со нож во Милано
  • Цеца: Не знаев дека Македонија и Бугарија се во лоши односи, не сакав да повредам никого

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.