
Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска соопшти дека во болниците моментално се хоспитализирани 39 пациенти, од кои 12 се во стабилна состојба и ќе бидат испишани за продолжување на лекувањето во домашни услови.
„Во здравствените установи низ Скопје остануваат 27 пациенти кои продолжуваат со болничко лекување“, изјави Таравари.
Дополнително, според официјалните информации, во странски болници моментално се лекуваат 115 пациенти. Се очекува денеска еден пациент кој бил на лекување во Белград да се врати во земјата.
„Во моментов, четворица до петмина пациенти се во потешка здравствена состојба, но медицинските тимови вложуваат максимални напори за нивното закрепнување“, истакна министерот.