
Павел Христов е едно од храбрите момчиња чии дела заслужуваат многу поголемо внимание од јавноста. Неговиот несебичен подвиг за време на трагичниот пожар во дискотеката во Кочани го издвојува како вистински херој.
Без двоумење, Павел дури четири пати влегувал во запалената дискотека, ризикувајќи го сопствениот живот за да им помогне на своите врсници и да извлече што повеќе луѓе на безбедно.
„Во целиот хаос, не размислуваше за својата безбедност, туку неговата хуманост и пожртвуваност беа посилни од стравот. Не се штедеше себеси, ниту размислуваше за ризикот“, вели мајката за „Нетпрес“.
Повеќе за тоа може да прочитате на „Нетпрес“.