
Според информациите добиени од АМСМ, од 22:10 часот вечерва, патниот правец Ростуше – Дебар е целосно затворен за сообраќај во двата правци. Причина за блокадата е цистерна која излетала од коловозот.
Надлежните апелираат до возачите да бидат внимателни, да ја следат моменталната состојба на патиштата и по потреба да изберат алтернативни правци.
АМСМ дополнително советува прилагодување на патните рути и повикува на зголемено внимание додека трае расчистувањето на местото на незгодата.