Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Васил Јованов Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Русија Скопје Србија Украина Фросина Кулакова Христијан Мицкоски авион автобус грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кисела вода кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тетово трагедија украина фросина кулакова штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

ДУИ по трагедијата во Кочани: Молчевме од почит, но сега е време за вистината

Gladiator 24/03/2025

По седум дена исполнети со тишина, тага и солидарност, кога целото општество се обедини во почит кон трагично згаснатите 59 животи – меѓу кои и многу деца – и стотиците повредени, Демократската Унија за Интеграција се огласи со официјално соопштение.

Во него, од партијата истакнуваат дека свесно избрале да молчат во овие денови на жалост, оддавајќи почит кон настраданите и нивните семејства. Во продолжение, го пренесуваме нивното соопштение во целост:

„Почит кон жртвите, кон семејствата, кон една национална рана што треба да не обедини, а не да нè подели.

Но молкот заврши. И сега мора да се зборува.

Од првиот момент на трагедијата, додека пожарот сè уште не беше изгаснат, додека граѓаните во шок бараа одговори и надеж, гледавме како врвот на власта – наместо да сочувствува – започна политичка хајка. Наместо со информации, излегоа со обвинувања.

Наместо со смиреност, со закани. Се впери прстот кон другиот, кон минатото, кон тие што не се дел од нив.

Без да почекаат фактите, ја активираа машинеријата за префрлање вина. Се конструираше приказна според која лиценцата на дискотеката, дадена години претходно за кабаре, стануваше основа за апсење на поранешен министер – со лисици, камери и насловни страници.

Иако сите знаат дека лиценците не се трајни, не се автоматски продолжени, сите знаат дека се минати години откако се истечени, а дури И конкретната – фалсификуваната – завршила 3 дена пред трагедијата.

Сите знаат дека објектот бил запечатен од УЈП пред неколку месеци, а многу наскоро потоа незаконски отворен.

Сите знаат дека во објектот редовно имало недозволиво прекубројна публика, а и самата вечер преку 650 луѓе во објект со капацитет од 300.

Сите знаат дека објектот редовно бил посетуван од малолетници, исто како и кобната вечер дури и до 3 часот по полноќ.

Сите знаат дека на овие забави редовно се користеле пиротехнички средства, и на сите им било јасно дека тоа се прави без дозвола од полицијата, исто како што пиротениката била користена и кобната вечер.

И најважно – сите локални институции, од полиција до инспекторати, го знаеле тоа, го гледале тоа, но не смееле да реагираат.

Сите сѐ гледале – но цела година – никој ништо не видел.

Прашуваме зошто? Зошто навреме не видоа и зошто не спречија?

Бидејќи тоа место не беше обичен локал.

Тоа беше неформалното собиралиште на целата политичка, криминална и бизнис елита на Кочани и поширокиот регион.

Од градоначалници, пратеници и партиски претседатели на ограноци, па се до инспектори, командири и функционери – сите биле редовни гости, во блиски релации со сопственикот и неговата екипа; на сите им било јасно дека зад овој објект стојат моќници кои го штитат, и затоа никој ништо не треба да прашува“, велат во соопштението.

Tags: Али Ахмети ДУИ

Continue Reading

Previous: Таравари: 16 пациенти се праќаат дома, четири се во критична состојба
Next: Манев откри како се родила идејата за грабнувањата на Вања и Панче

Слична содржина

Повредените од Кочани се враќаат во Македонија по лекувањето во Белград

Повредените од Кочани се враќаат во Македонија по лекувањето во Белград

06/06/2025
Медицински подвиг: Македонски кардиолог прв во светот со бај-пас без операција

Медицински подвиг: Македонски кардиолог прв во светот со бај-пас без операција

06/06/2025
Рекорден пад на невработеноста во Македонија

Рекорден пад на невработеноста во Македонија

06/06/2025

Најново

  • Арсовска: Мојот син е роден на Духовден, по кој ми се закануваат другарчињата на Висар Ганиу
  • Повредените од Кочани се враќаат во Македонија по лекувањето во Белград
  • Медицински подвиг: Македонски кардиолог прв во светот со бај-пас без операција
  • Рекорден пад на невработеноста во Македонија
  • Спасовски: За трагедијата во Кочани треба да има одговорност и кај актуелни функционери

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Арсовска: Мојот син е роден на Духовден, по кој ми се закануваат другарчињата на Висар Ганиу

Арсовска: Мојот син е роден на Духовден, по кој ми се закануваат другарчињата на Висар Ганиу

06/06/2025
Повредените од Кочани се враќаат во Македонија по лекувањето во Белград

Повредените од Кочани се враќаат во Македонија по лекувањето во Белград

06/06/2025
Медицински подвиг: Македонски кардиолог прв во светот со бај-пас без операција

Медицински подвиг: Македонски кардиолог прв во светот со бај-пас без операција

06/06/2025
Рекорден пад на невработеноста во Македонија

Рекорден пад на невработеноста во Македонија

06/06/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Арсовска: Мојот син е роден на Духовден, по кој ми се закануваат другарчињата на Висар Ганиу
  • Повредените од Кочани се враќаат во Македонија по лекувањето во Белград
  • Медицински подвиг: Македонски кардиолог прв во светот со бај-пас без операција
  • Рекорден пад на невработеноста во Македонија
  • Спасовски: За трагедијата во Кочани треба да има одговорност и кај актуелни функционери

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.