
Студентите кои деновиве ги блокираа факултетите во Белград денеска организираа 74-минутно молчење пред Амбасадата на Македонија, со цел да им оддадат почит на жртвите од две трагедии што го потресоа регионот.
Со молк и симболични гестови на солидарност, тие се поклонија пред споменот на 15-те лица кои го загубија животот при уривањето на настрешница во Нови Сад, како и на сите загинати во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Пред македонската амбасада беа положени венци и запалени свеќи. На настанот им се придружија и граѓани, кои исто така донесоа цвеќе и запалија свеќи, изразувајќи ја својата поддршка и сочувство со семејствата и блиските на жртвите.