
Мирниот протест што започна на 18:00 на плоштадот во Скопје заврши нешто по 19 часот. Атмосферата остана тивка и исполнета со почит, а учесниците ја изразија својата солидарност и поддршка за жртвите на трагичната несреќа од 16.03.2025.
Протестот помина без инциденти, а беше одржан и 16-минутниот молк во знак на сеќавање и почит кон жртвите.
Граѓаните покажаа зрелост и достоинство, иако на некои места беше забележано присуство на органите на редот кои ја одржуваа безбедноста. Протестот заврши мирно, а целта на настанот беше успешно исполнета.


