
Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), на денешната прес-конференција информираше дека колективниот погреб на 59-те лица кои трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе се одржи во четврток, на 20 март. Точниот термин за почетокот на погребната церемонија дополнително ќе биде соопштен.
Ангелов нагласи дека на чинот ќе присуствува и поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, заедно со неколку владици од Светиот архијерејски синод. Тој истакна дека Црквата активно се вклучила во организацијата, со намера да се обезбеди најдостоинствено испраќање на жртвите, оддавајќи почит на нивните животи и споделувајќи ја болката со семејствата и целата јавност.
Видео: Миа.мк