
Во утринските часови, за време на најголемата сообраќајна гужва, на пешачкиот премин во близина на „Дајмонд“ дојде до сообраќајна несреќа при што беше повредена млада девојка.
„Слободен печат“ објави фотографија на која се гледа дека девојката е легната на асфалтот, очекувајќи да пристигне екипата на итната медицинска помош.
Од Министерството за внатрешни работи сè уште нема официјални информации за околностите под кои се случила несреќата, ниту за степенот на повредите на девојката.
Фотографијата може да се погледне ТУКА.