
Пожарот избувнал за време на настапот на популарната музичка група ДНК. Според досегашните, сè уште неофицијални информации, бројот на загинати лица изнесува околу 53.
Во моментите по избувнувањето на огнената стихија, меѓу присутните настанала паника и стампедо, што дополнително ја влошило ситуацијата.
Освен повредите предизвикани од самите пламенови, дел од присутните лица се здобиле и со сериозни повреди како резултат на гужвата, задушување и нагмечување.