
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски одговараше на прашања на новинарите, а едно од нив беше поврзано со минималната плата.
Мицкоски посочи дека ќе прифатат секаков договор меѓу работодавачите и работниците.
„Очекуваме работодавачите и работниците да постигнат договор, а секој нивни договор ние како Влада ќе го поддржиме. Не се доволни ниту 500, можеби треба плата од 1.000 или 2.000, јас сум работник како и останатите, но ќе ве потсетам. Меѓународниот монетарен фонд инсистира на зголемување на границата за пензионирање, но ние ги заштитивме граѓаните и не го направивме тоа. Влеговме во безмилосна борба со тие што се богатат на грбот на граѓаните, ги ограничивме маржите, обезбедивме 250 милиони евра за компаниите“, кажа Мицкоски.