Основачот и долгогодишен директор на продукцијата „Гранд“, Саша Поповиќ, вчера беше погребан, при што бројни познати личности од естрадата дојдоа да му оддадат последна почит.
Според српските медиуми, на погребот присуствувале речиси сите пејачи и пејачки кои својата кариера ја граделе преку музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Меѓутоа, едно име беше забележливо отсутно – Дарко Филиповиќ. Засега не е познато зошто пејачот не бил дел од погребната церемонија.
Филиповиќ претходно се огласи на социјалните мрежи, споделувајќи кратка, но емотивна порака: „Почивај во мир, директоре“, со што му оддаде почит на човекот кој го изгради „Гранд“ во една од најголемите музички продукции на Балканот.
