
Премиерот Христијан Мицкоски испрати остра порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и потпретседателот Бујар Османи, како одговор на нивните предупредувања за можна политичка криза во случај Уставниот суд да го поништи Законот за употреба на јазиците.
Ахмети и Османи посочија дека во таков развој на настаните може да се доведат во прашање и локалните избори.
Во својата изјава, Мицкоски го критикуваше Османи, нагласувајќи дека токму тој е човекот кој, според него, ја довел во прашање македонската национална самобитност и јазик.
„Лицето кое го разнебитуваше македонскиот идентитет и го поткопуваше значењето на македонскиот јазик има најмалку кредибилитет да зборува на оваа тема. Ако мене не ме почитува, тогаш не го почитува ниту својот мајчин, албански јазик“, порача премиерот.