
Фото: Слободан Трендафилов
Политичарите продолжуваат да се препукуваат, а обвинувања овој пат имаше и до ССМ, односно до претседателот Слободан Трендафилов.
Трендафилов пред неколку дена побара минимална плата од 30.000 денари, а доколку не се исполни барањето, тогаш ќе излезат на улица да штрајкуваат.
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ го обвини дека Трендафилов е „слуга“ на опозициската СДСМ, со што продолжија „борбите“ меѓу политичарите, додека граѓаните неизвесно чекаат дали ќе добијат поголема плата за да се изборат со високите цени на основните производи.
Во меѓувреме се јави и Трендафилов со порака на социјалните мрежи.
„Ние работниците се бориме за корка леб, тие политичарите за гола политика. Борбата за зголемување на работничките плати е чиста работничка борба“, објави Трендафилов.